Министерството за надворешни работи до крајот на годинава ќе објави  оглас за вработување  млади дипломати и стручни кадри.

„Еден од главните приоритети и заложби на Министерството, како и на министерот Никола Димитров, е развивање на компетентна, квалитетна и професионална дипломатија, подготвена да одговара на современите предизвици и суштински да придонесува кон исполнување на стратешките цели на Република Македонија.

Во тој правец, клучна е објективна селекција на високо перспективни млади кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија“, истакнуваат од  МНР.

За конкретните постапки и претстојни фази во процесот на селекција на кандидати, кои ќе се спроведуваатна почетокот од наредната година, јавноста ќе биде навремено и прецизноизвестувана, велат од МНР.

SHARE