МНР ќе вработи 27 лица – плата 16.889 денари

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информираше дека е објавен оглас за вработување на 26 (дваесет и шест) административни службеници во Министерството за надворешни работи  (дипломати – приправници и помошно -стручни службеници).

Јавниот оглас, покрај на интернет страната на Агенцијата за администрација е објавен и во дневните весници Нова Македонија, Независен весник и Лајме и истиот ќе трае 20 дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните можат електронски да аплицираат на огласот на интернет страницата: http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/509

SHARE

Оставете Коментар