МНР му одговори на Каракачанов: Пријателството подразбира почит…

Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји, се вели во реакцијата на македонското МНР на соопштението на партијијата ВМРО-БНД чиј лидер е бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој на премиерот Зоран Заев му упати закани дека Македонија ќе остане надвор од ЕУ ако продолжи да споменува македонски јазик.

„Изјавата е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не’ оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство.

Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот„, се вели во соопштението на МНР кое беше испратено до „Канал 5“.

Каракачанов: Заев да не зборува за македонски јазик, за да не се прости од ЕУ

 

SHARE

1 Коментар

  1. Абе Каракачанов, заев ѓи спомнува тие работи за да му поминат уставните измени. Откако ќе поминат кој ќе го спомне МАКЕДОНЕЦ или МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК лета право во Шутка и тоа како иридентист, националист или терорист

Comments are closed.