Македонска опера и балет ги награди со спектакуларна изведба на музичко-сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ рекордните 6.000 гледачи во салата „Мирза Делибашиќ“ во Сараево.

Љубителите на уметноста во главниот град на Босна и Херцеговина, пак, со френетичен аплауз и со извици „браво“ им возвратија за првата изведба по 30 години во Сараево на делото на Карл Орф, во режија на Дејан Прошев, а под диригентската палка на маестро Емир Нухановиќ.

На инсистирање на „бис“ од одушевената публика во некогашна „Скендерија“ од хармонијата меѓу хорот, балетот и оркестарот на МОБ, беше повторен делот „О Фортуна“. 

Претходниот рекорд по посетеност на настан од музичко-сценски карактер во поранешната југословенска република му припаѓаше на Кинескиот државен балет со претставата „Црвениот женски одред“, изведена три пати во далечната 1971 година.

SHARE