Момироски го кани Манчевски да го објасни нападот врз медиуми, министерот молчи

Новинарот на Алфа ТВ Горан Момироски му упати јавна покана за интервју на министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски но членот на Владата на Заев повеќе од 4 часа молчи и не кажува дали ја прифаќа или ја одбива.

“Министре ве канам вечер во 2200 на ТВ Алфа да ги елаборирате вашите ставови за вашиот вчерашен пост”, му напиша Момироски на Манчевски на постот во кој министерот поставува низа прашања за медиумите, меѓу кои и дали порталот инфомакс.мк е медиум.

Својот пост Манчевски го објави вчера веднаш по интервјуто на Момироски со новинарот Александар Митовски кој го објави исказот на Орце Камчев за случајот Рекет.

Четири часа откако е упатена поканата да ги елаборира своите ставови Манчевски не одговорил на јавната покана.

Момироски кој е колумнист на expres.mk вели дека пораката му ја пратил и како порака до двата профили на Манчевски на Фејсбук и министерот истата ја видел, но дека нема одговор дали ќе биде прифатена.

Што порача вчера Манчевски на ФБ

Министерот за информатичко општество во напад на порталот што му го инкриминира шефот

SHARE