Момировски за Фактор: По “Боки 13” не е важно кој ќе владее туку дали Македонија ќе опстане

По сите афери на власта кои кулминираа со случајот Боки 13 во кој е инволвирана и Катица Јанева а најверојатно и други високи државни функционери главното прашање во земјава не е кој ќе ја води владата туку дали ќе опстане државата поради слабиот капацитет на администрацијата.

Ова во изјава за анализа на порталот Фактор.мк го вели новинарот Горан Момироски кој ја водеше кампањата на кандидатката за претседател на опозицијата Гордана Силјановска.

“По синдромот „Боки 13“ прашањето и за светот за жал веќе не е кој ќе биде на власт туку дали Македонија заслужува да биде држава”, вели Момироски според кого Заев го загубил приматот на неприкосновен политички фактор во Македонија а во исто време ја загубил и поддршката од западните сојузници.

Колку прашањето за опстанок на државата е актуелно по скандалот со Катица Јанева може да се види и од изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој не случајно ја охрабри јавноста дека “ќе не биде”.

Целата анализа на фактор.мк на следниот линк

SHARE