МОН сака да наметне свој синдикат во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска обвини дека ректорите на универзитетите „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Климент Охридски“ прават обид за разнебитување на синдикалното здружување во високото образование.

На вработените во високото образование им било наложено да формираат синдикат кој ќе биде под директен надзор на генералниот секретар на ректорот, а рокот за основање е четири дена.

Професорката Мирјана Најчевска, барањето на МОН да се формира нов синдикат, покрај веќе постоечкиот, е само обид да се стави крај на работењето на НАкС, бидејќи се покажало дека ќе се бори за професорските права.

Таа додава дека досега не е евидентиран случај работодавецот да формира синдикат.

„Се атакува на доброволноста на здружување и се врши најотворена уцена со закана: ако не го направите ова на начинот на кој ви диктира ректорот нема да има покачување на платите од 10%.

Ова претставува отворена закана дека на професорите нема да им се исплатат ветените 10 проценти зголемување на плата“, вели Најчевска, какошто пренесе Слободен печат.

SHARE