МОН смирува: Учебната година ќе заврши на 10 јуни

По бурните реакции откако во Службен весник излезе информација во која стои дека новата учебна година ќе трае од 1 октомври до 31 август, од Министерството за образование и наука смируваат:

„Децата ќе одат на училиште до 10-ти јуни, иако поради здравствената криза наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во училиште клупи до 31 август“, велат од Министерството за образование и наука.

Од министерството додаваат дека треба да се направи разграничување на поимите настава и учебна година, а дека тука стои дека учебната година трае до 31 август, за разлика од наставната која е пократка.

Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31-ви август и така ќе биде и овој пат.

Овој пат наставната година започнува на 1-ви октомври и трае до 10-ти јуни. Во минатите години, траеше од 1-ви септември до 10-ти јуни, велат од МОН.

SHARE