„Монструм“ по трет пат се враќа во судница

Поради поставување натри нови поротници, судењето за случајот со петкратното убиство кај „Смилковско Езеро“ во 2012 година, по трет пат почнува одново.

Одбраната и обвинителството сепак се согласиле одново да не се повикуваат сведоци кои веќе дале исказ, а судењето да продолжи онаму каде што застана.

Родителите на момчињата доставија видео од собраниски говори, како дополнителни докази. Нови сведоци ќе повика и Обвинителството.

Станува збор за Зоран Трајковски, Ѕвонко Костовски, Зоран Заев. И одбраната со дополнителни докази, односно полициските службеници кои први пристигнале на местото на свирепото убиство.

Процесот „Монструм“ во ноември 2017 беше вратен на повторно судење од страна на Врховниот суд, кога највисокиот суд ги укина пресудите. Тогаш случајот го презеде Специјалното обвинителство, а по згаснувањето на СЈ, предметот се врати на редовното, односно во Обвинителството за гонење на организиран крими ал и корупција, а обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевсли.

Во Монструм обвинети се шестмина за петкратното убиство во 2012 година кај Смилковското езеро. На обвинителна клупа се седнати четворица од обвинетите, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута, додека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство.

SHARE