„Македонскиот премиер Зоран Заев долго време се бореше за формализирање на албанскиот јазик во Македонија, предизвикувајќи ги македонските партии.

Но, неодамна ги изненади сите откако изјави дека е Албанец.Тој објасни дека првично бил Илир од Струмица и дека неговите баби и дедовци зборувале албански“ вели македонскиот премиер во едно интервју.

Интервјуто,  за „Gazeta impact“ од пред 9 месеци, и обновено денес, одново се споделува на социјалните мрежи, се разбира, со интересни коментари за неговите ставови „разбрани“ со помош на Google translate.

„Имам албанско православно потекло, и од баба и дедо од Илирите од Струмица, бидејќи тие ја прифатиле православната вера. Со текот на времето, Словените, главно со насилство, асимилирале и го наметнувале македонскиот јазик. Но, сето тоа е историја. Јас простувам и сега треба да ги заборавиме тие работи и треба да изградиме општество и живот за секого“ наводно вели Заев во интервјуто.

„Не знам да зборувам на албански бидејќи албанскиот нема мајчин јазик, туку е јазик на постарите баби и дедовци, но не е важно како зборуваме, туку како се чувствуваме. Се чувствувам ортодоксен  албанец.

Повеќе од 25 милиони православни Албанци живеат на Балканот, главно во ПЈРМ, Грција, Албанија и Србија. Затоа лесно ги разбираме Грците. Груевски беше фашист и етнички чист, а со таков човек не може да се преговара”, се вели во стариот текст кој е преведен со помош на интернет и кој од нејасни причини повторно се споделува токму сега.