Морина нема да биде испорачан на Србија

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина кој беше уапсен на Табановце по потерница на Интерпол, нема да биде испорачан на Сртбија.

Врховниот суд ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје дека не се исполнети условите за екстрадиција.

Во образложението на судот се наведува дека Морина е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не на Србија и дека кривичното дело за кое е обвинет е извршено на територијата на Република Косово управувано од Обединетите нации според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност од 10 јуни 1999 година.

Во образложението се наведува дека Косово е независно од 2008 година и дека Република Северна Македонија ја признава таа независност, јавува „Макфакс“..