Скопските моторџии на денешната средба со Петре Шилегов, изразија несогласување  со идејата на градоначалникот на Скопје, од идната сезона да се наплаќа паркинг и за моторите и мотоциклите.

Моторџиите сметаат дека, напротив, градот треба да ја поттикне употребата на овие возила бидејќи го растоваруваат метежот во сообраќајот, помалку трошат и со тоа придонесуваат за намалување на загадувањето.

Тие бараат прво градот на стори нешто за нив, а за идните паркинзи сметаат дека, со плаќањето, треба да се гарантира и сигурноста на моторите.

Шилегов, како што пренесуваат медиуми, предложил заедничко решавање на проблемот.

Тој се согласил дека за 5до 7 денари колку што најверојатно би била цената за паркирање на час, би требало да има и гаранција, но дека е тоа прашање кое треба да се разгледува дополнително. Наплаќањето на паркинг би почнало од идната сезона.

На средбата било договорено група составена од петмина претставници на моторџиите да се консултира со администрацијата на Градот околу овој проблем.