Коментирајќи го француското вето за старт на преговори на Европска унија со Македонија и со Албанија, првиот амбасадор на САД во Скопје, Кристофер Хил, се осврнува и на позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Во минатото можеби би се очекувало САД да направат чекор. Но, во контекст на наголемо неформираната надворешна политика на претседателот на САД, Доналд Трамп, маката на малите, далечни земји како Северна Македонија и Албанија едвај се регистрираат. Се разбира, можно е дека Трамп се уморил од ѕвездената моќ на францускиот претседател и ги поздравува последните критики кон него со чувство на злорадост. Исто така е можно дека Трамп не сака Албанија и Северна Македонија да ѝ се приклучат на ЕУ. Но, најверојатно, тој едноставно нема идеја што се случува во Западен Балкан“, пишува Хил во својата анализа за „Проџект синдикејт“.

Поранешниот помошник државен секретар на САД за Источна Азија и амбасадор во Ирак, Јужна Кореја и Полска, а во Македонија од 1996 до 1999 година, во текстот со наслов „Предавството на Балканот од Емануел Макрон“ премиерот Зоран Заев го опишува како „релативно нов“ и „неискусен“.

SHARE