Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија смета дека граѓаните на Република Македонија се доволно политички зрели за да на претстојниот референдум го остварат своето демократско право на избор, слободно и по свое сопствено уверување.
„Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението од Синодот.
САС на МПЦ-ОА на седницата ги разгледал и тековните црковни активности. САС посебно се задржал на последните подготовки околу престојниот Архиепископски црковно-народен собор, кој ќе се одржи од 5 до 7 октомври 2018 година, на денот кога е одржан историскиот прв собор пред 60 години и кога МПЦ-ОА го празнува Соборот на сите македонски светци.