Мрачните сили и антизападниот Мицкоски аут, заменети се со неколку криминалци, 1 педер и 1 суетен новинар

Владата и премиерот Заев вчера официјално се повлекоа од приказните дека случајот Рекет како напад врз македонската демонратија е производ на “мрачни сили” и “антизападниот изолиран” лидер на опозицијата Мицкоски.

Во новиот наратив на ПР тимот на Владата за маките на Заев и министрите се виновни неколку криминалци, еден педер по карактерна особина и еден суетен новинар.

Ваква теза за мрачните сили што ја напаѓаат македонската демократија во јавноста ја ширеа високи функционери во Владата и СДСМ меѓу кои и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

Тезата сега паѓа во вода затоа што криминалците за кои вчера збореше Заев, педерот по карактерна особина и суетниот новинар, немаат контакт со ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Салвини, Орбан или Русија кои СДСМ секогаш ги посочува како кривци кога ќе бидат партијата или владата што ја води е фатена во матно.

Напротив дел од посочените од Заев кои наводно дека сакаат да му урнат Владата се луѓе со кои тој последниве години интензивно комуницирал. За Боки 13 тој јавно призна дека разговарал за проекти, според премиерот од хуманитарен карактер.

SHARE