МРТ станува НРТ, а агенцијата МИА станува НИА

Македонската радиотелевизија ќе стане Национална радиотелевизија, Македонската филхармонија ќе стане Национална филхармонија, Македонски пошти, ќе станат Национални пошти, Македонски шуми ќе станат Национални шуми, Македонска информативна агенција ќе стане Национална информативна агенција, додека во случајот со Македонски железници, тие стануваат Железници на Република Северна Македонија.

Ова се дел од новите имиња на 136 државни, јавни и институции финансирани од Буџетот, согласно Договорот од Преспа и утавните имени усвоени на денешната седница на Владата.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска повика новите имиња институциите да ги променат називите во разумен рок.

Како што може да се забележи секаде каде што во името на институцијата досега стоело „Република Македонија“, тоа се променува во „Република Северна Македонија“, а институциите кои ја имаа придавката „македонски/македонска“ во иднина ќе ја имаат придавката „национален/национална/национални“, пишува Либертас.

Со промената Македонски народен театар ќе добие име „Република Северна Македонија, Национална установа Македонски народен театар“.

Списокот со новиот назив на институциите финансирани од Буџетот на следникот ЛИНК

SHARE

4 Коментари

Comments are closed.