Мртва трка меѓу Сиљановска и Пендаровски, Река над 10 %

Ако денеска се одржат претседателски избори, 25 % од македонските граѓани би гласале за Стево Пендаровски, 22,4 % за Гордана Силјановска а 10,9 отсто за Блерим Река.

Речиси 18 проценти односно 17,9 отсто не би поддржале ниту еден од овие кандидати е резултатот од анкетата спроведена од М-проспект нарачана од ТВ Телма.

Над 18 отсто од граѓаните сé уште не решиле за кој од кандидатите ќе гласаат.

Кај Македонците убедливо води Силјановска со предност од 6 %.

Вкупно 26,1 отсто од македонските испитаници ќе гласаат за Стево Пендаровски, 32,2 процента за Гордана Силјановска, а 0,9 се за Блерим Река.

Кај испитаниците од албанска националност 15,2 отсто го поддржуваат Пендаровски, 0,4 се за Силјановска, а 41,4 се за Блерим Река.

Ако во вториот круг во трка за претседател останат Пендаровски и Силјановска, анкетата на Проспект М вели дека 32,4 отсто од гласачите би го поддржале кандидатот на СДСМ, а 26,2 процента би биле за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Предходно анкета на макфакс.мк покажа предност на Силјановска а таа води и на анкетите на Алијанса за Албанците.