„Мртвото“ СЈО и идната година ќе добие 3.7 милиони евра


Специјалното јавно обвинителство и следната година ќе има за трошење 3,7 милиони евра, дознава ТВ 24.

„Во предлог буџетот за следната година стои дека СЈО ќе има на располагање исто толку пари, како и оваа година, без разлика што обвинителите и предметите не се повеќе таму. Дури 1,2 милиони евра се предвидени за плати на вработените во СЈО, а 2,4 милиони евра за стоки и услуги. Во моментов во Специјалното обвинителство се вработени 90 лица“, дознава ТВ 24.

Парите за СЈО ги побарала, сега притворената  Јанева, додека се уште ја вршела функцијата, а Министерството за финансии е должно да ги предвиди во буџетот и покрај тоа што „СЈО е мртво’ но „мандатот на обвинителството, без обвинители, завршува во септември следната година“.

SHARE