Му даде ли Заев „корпа“ на Ахмети?

ДУИ и СДСМ со препукуваат по одлуката партијата на Заев предизборно да коалицира со БЕСА на Билал Касами.

Од ДУИ велат дека од албанскиот блок во владата треба да влезе оној кој ќе биде победник, а влада да формираат победник со победник, договор што ДУИ го прекрши во 2016 на парламентарните избори.

На ова Заев пак со порака – Беса и СДСМ ќе бидат победници и ќе одлучат кој од албанските партии ќе бидат дел од власта.

„Јас би му порачал на нашиот сегашен коалициски партнер да не си го лаже паметот, коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во Шестата изборна единица каде што најмногу се мери влијанието на албанската заедница во државата“, рече Заев на прес-конференцијата на која промовираше мерки од економската програма на за изборите.

Во однос на дилемите како коалицијата со Беса ќе се одрази кај гласачите –Македонци, Заев рече дека токму поради ваквата коалиција очекува поголем број македонски гласови.

Во целата „игранка“ се заборава коалицијата Алиијанса на Албанците со Алтернатиува, но и потезите на лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој побара вицепремиерско место во идната влада со СДСМ, но под услов – Беса да не е дел од власта.