Му намигнува ли Зоран Заев на Зијадин Села?

Веќе нема шанси за коалиција со ДУИ затоа што опциите, наспроти првиот опонент на ДУИ, Алијансата на Албанците и Алтернатива се блиску со мандати.

Дури и да има некоја различност до два три мандати плус минус  за било која од двете политички понуди од Дуи и Алијанса и Алтернатива заедно, тогаш ни даваат опција реално да избираме“.

Ова меѓу другото го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Радио слободна Европа.

Заев вели дека до крај на кампањата „сме отворени по ова прашање затоа што на крајот се прават коалиции врз основа на програмите, но никако со уцени“.

Во интервјуто тој изразува разочараност од коалицијата со ДУИ, но вели дека таа била изнудена.

„ Немате многу опции во политиката во делот на изборот. Да ве потсетам Вас и сите што не следат дека добивме 49 пратеници после „бомбите“, после отворање на целиот криминал,комплетната запустеност на државата и опциите преку бројките наши, кои граѓаните преку гласање ни даваат се опциите кои ви стојат на располагање.

Буквално не постоеше друга опција освен коалиција со ДУИ за да може да се направи парламентарно мнозинство. Нормално сите други помали партии беа со пет пратеници, со три пратеници, со два пратеници кои едноставно не даваа опции на возможна парламентарна коалиција за доволно парламентарно мнозинство“, вели Заев.

SHARE