Истрага на „Шпигел“ покажува дека Бојко Борисов му помогнал на турскиот режим да ги прогонува членовите на опозицијата, со што бугарскиот премиер ги прекршил меѓународните конвенции, пишуваат авторите на статијата во германскиот весник, Димитар Ганев и Максимилијан Поп.

Авторите коментираат дека Реџеп Таип Ердоган ја обвини германската влада за помагање на тероризам и ја квалификуваше Франција како провокатор. Со недели тој се закануваше со поморска војна против Грција во борбата за полињата со гас. „Досега, ниту една земја на ЕУ не беше поштедена од тирадите на шефот на турската држава…

Истрагите на „Шпигел“ покажуваат дека бугарската влада помогнала во прогон на неколку турски противници на режимот – и со тоа ги прекршила меѓународните конвенции и правните принципи.

Тајната преписка од турската амбасада во Софија, до која дојде Шпигел, укажува на тоа дека премиерот Борисов, поранешниот бугарски јавен обвинител Сотир Цацаров и бугарските разузнавачки служби биле активно вклучени во депортацијата на турски опозициски член по обидот за воен удар во Турција во јули. 2016 година – иако бугарските судови претходно експлицитно протестираа против барањето за екстрадиција.

Списанието објави детали за депортацијата на Абдула Бујук, кого Анкара го обвинува за поврзаност со организацијата на противникот на Ердоган, Фетулах Ѓулен. Бујук и беше предаден на Анкара без многу врева во август 2016 година – без судење, без да му се даде можност да се консултира со адвокат или да се жали на одлуката на Софија.

„Шпигел“ појаснува дека бугарскиот премиер Бојко Борисов и шефот на тајните служби се состанале со турскиот амбасадор во Софија за да разговараат за случајот Бујук.

Шпигел заклучува дека Борисов, Цацаров и шефот на бугарските тајни служби му помогнале на Ердоган да ги прогонува неговите политички противници. Ова ги крши меѓународните конвенции во повеќето европски земји, пишува списанието, како што денеска пренесува БГНЕС.

Вио Бугарија повеќе од два месеца се случуваат демоинстрации против владата на Борисов.

SHARE