Му се заканува ли СДСМ на Иванов во спот со смртта на Борис Трајковски?

Истиот ден кога претседателот Иванов од САД порача дека не излегува на гласање на референдумот на 30 септември власта објавува контроверзен спот кој може да се доживее како индиректна закана за претседателот.

Во видео на кампањата на власта со која се лобира во кампањата се користи и смртта на покојниот претседател Борис Трајковски кој загина во неразјаснета авионска несреќа во 2004 година близу Мостар.

Снимките од авионот во кој настрада Трајковски и седум придружници се ставени во видео спот на групата „Излезе за европска Македонија“ на фејбук која е официјална страница на владеачките партии за референдумот.

Спотот е објавен истиот ден кога претседателот го кажа својот став за референдумот што за многумина е повеќе од случајност.

Што сакаат да кажат авторите на видеото и кампањата на власта, дали дека ако пропадне референдумот може да падне авионот на претседателот Иванов или нешто друго, е прашање на кое треба под итно да дадат одговор тие што ја водат камапњата.

Претседателот Трајковски важеше за голем пријател на НАТО и ЕУ но и за голем патриот и нејасно е зошто неговата смрт се злоупотребува во контекст на референдумот, велат негови блиски луѓе кои инсистираат на анонимност.

Видео спотот може да се види на следниот линк

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/568885503524249/?t=83