Му требаат ли административци на приватниот сектор!

Ќе сакаат ли дел од  административците да заминат во приватен сектор, по апелите на бизнис заедницата која алармира  дека итно ѝ е потребен кадар за работа.

Прашање е исто така, дали адмионистратиувците ќе сакаат да заминат во  во приватен сектор со оглед на тоа што ПЛАТИТЕ ВО СТОПАНСТВОТО СЕ ПОНИСКИ од оние кои ги добиваат таму.

Дали  кадарот кој ќе се утврди дека е вишок во администрацијата ќе одговара на потребите на фирмите и  дали ќе и биде овозможена доквалификација, се само некои од дилемите..

Трансферот на вработени од јавен во приватен сектор е нов концепт и секако дека има отворени прашања и дилеми кои за да се затворат неопходни се предлози од сите засегнати страни, се вели во дописот од министертвото за информатичко општество.

Неодамна, министерот Манчевски рече дека ќе им се нудат „пакети“ на административците за да заминат во приватен сектор, но што ќе содржат допрва ќе се утврдува.

Се очекува до крајот на годинава  да се знае моделот по кој ќе се врши транферот, а целта е да се намали бројот на административците кој сега е околу 130 илјади лица, во над 1.300 институции.

SHARE