Муцунски за грчка ТВ: Јас сум Македонец од Македонија


Секретарот за меѓународни прашања на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, за грчката ТВ „Скај“ изјави дека ниту еден граѓанин на Македонија нема да го користи новото име.

Oткако беше опоменат од грчката водителка дека тој сеуште го користи терминот „Македонија“, а не новото име, Муцунски рече:

„Ви гарантирам дека не само додека сум жив, туку и потоа, ниту еден граѓанин на оваа земја нема своеволно или природно да го користи новото име. Тоа произлегува, како што реков, од основното право на самоопределување, но и од фактот што никој не може да порекне што сум. Јас сум Македонец од Македонија. И не мислам дека културно, лексички или на било кој друг начин и форма, во оваа земја тоа ќе се промени“.

SHARE