Мухамед Зекири обвини за мрчење и го снема

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири утринава ги обвини граѓаните дека коментирале на социјалните мрежи за непроверени информации во врска со пуштање на домашен притвор на Орце Камчев и други обвинети од СЈО.

“Се утепаа од мрчење и коментирање по ФБ непотврдени информации… Сите за се се експерти
А сега ?…” напиша вториот човек во СДСМ триумфално пред да биде донесена одлуката за излегување од затвор на Камчев и Цветан Панделевски осомничени во случајот Империја на СЈО.

Откако “мрчењето” и коментирањето на граѓаните и медиумите излезе точно Зекири го снема на Фејсбук.

Го нема да одговори на прозивките и обвинувањата од граѓани, голем дел од нив членови на СДСМ.

“Како што немаше ни амнестија и како што ќе имаше правна држава! Уште имаш лице да излезеш и да кажеш дека пагаме на непроверени информации! Најдовте овца народ па стрижи”, се вели во една реакција.

“Луѓето ќе мрчат колку што сакаат, немаш право на збор затоа што плата земаш од нив не од твојот шеф што згази на секој збор што го даде”, пишува друг негов пријател на Фејсбук.

“Ако во случај е вистина , а за се досега шо излезе е вистина , тогаш мислам дека ке треба сите до еден да се пензионирате! ? Ова го пишам како член на СДСМ , и со големи последици од овие кои ке се амнестирани”, му порачува на Зекири член на СДСМ!

Последниот коментар на ѕидот на Зекири кој го снема по првичните обвинувања го дава познат скопски адвокат од помладата генерација. Тој гласи:

“Бекни бе или лента снема”

Линкот до статусот на вториот човек во СДСМ

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10158440081514466&id=789364465