Мукаетов: Короната нè зближи со семејствата

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, вели дека пандемијата го промени односот кон семејството, и тоа на подобро.

„Треба да бидеме посвесни за себе и за останатите. Треба да водиме повеќе грижа за нашето здравје, за  здравјето на нашите најмили, зашто вакви времиња покажуваат колку е тоа важно“, вели Мукетов
во изјава  за Рес публика.

Тој смета дека за да се победи коронавирусот граѓаните треба да бидат многу посвесни, поодговорни и подисциплинирани и најважно многу потрпеливи, а бизнисите – да се прилагодуваат на новонастанатата ситуција.

SHARE