Мукаетов: Веруваме во Брестовац како наследник на Раул

Данило Брестовац од денеска и официјално е нов селектор на ракометната репрезентација на Македонија.

Потрагата по наследник на Раул Гонзалес заврши со ангажман на домашен стратег, а изборот падна врз Брестовац, кој во изминатата година беше кормилар и на младинската и на кадетската репрезентација на Македонија.

„ Она што се договоривме со него е неговиот мандат како некоја појдовна основа ќе биде до 30 јуни 2022 година. Идејата е тој да биде задолжен за водење на А-селекцијата и да ги кординиира активностите околу останатите селекции. Со него сме договорени и покрај мојата желба да имаме професионален селектор, тој да се посвети на репрезентацијата до 31 мај 2019 година, за да не ги реметиме клупските обврски кон Металург. Тој ќе ја води и репрезентацијата до 19 години на СП во август, тој неколку години ги води овие млади играчи и затоа логично е тој да ја води оваа млада селекција на претстојниот Мундијал“ – изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, пренесува „Екипа“.