Муртинецот Ден Дончев од ЈО се гони за три кривични дела

Екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев се гони за повеќе кривични дела.

Според пишувањето на насловната страница на неделникот Фокус човекот што е роден во родното село на Зоран Заев и го контролираше буџетот на најбогатата македонска институција Фондот за здравство од страна на Јавното обвинителство се гони за вкупно три кривични дела.

Целата информација Фокус ја објавува во своето печатено издание.

Пред две недели Дончев даде оставка која владата ја прифати веднаш.

SHARE