Муслиу: Бучковски не е паднат од небо!

Во гостувањето на Утрински брифинг политичкиот aналитичар Алберт Муслиу вели дека македонската страна со изборот на Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија не може да биде оштетена, пренесува Фокус.

„Бучковски не е човек паднат од небо. Тој е поранешен премиер и човек кој има добри контакти во Бугарија и неговиот интелектуален капацитет се прифаќа таму прилично добро. Кај нас секогаш ќе има тензии помеѓу власта и опозицијата, но треба да се биде поодговорен и наративот кој го користиме да биде повнимателен“, вели Муслиу.