Муслиу: Ме назначи Пендаровски кој беше подржан од ДУИ

Новиот директор на Агенцијата за разузнавање, одби да ги коментира изјавите на челниците на ДУИ дека се загрижени откако него на оваа функција го постави новоименуваниот претседател на државата,

„Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање“ изјави Ерол Муслиу.

 Запрашан дали би ја кломентирал изјавата на вицепремиерот Бујар Османи за загриженоста на ДУИ од неговото именување Муслиу рече:  

„Па видете ДУИ е политичка партија, Бујар Османи е вицепремиер, не знам која функција ја има во политичката партија, не знам каква изјава дал, не знам кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знам тие се заедно во влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму“, вели Муслиу.

SHARE