Мутавење со химната на mute – Пишува Роберт Димитриевски

Јадно и бедно е кога здрав, прав човек се прави мутав, згора и кога пробува да ги прави такви другите околу себе. Токму на тоа наведува објаснувањето за изоставувањето на македонската химна од протоколот при денешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија. Демек, доцнел авионот на високиот гостин, па, во интерес на времето, морало веднаш да се премине на исполнувањето на работната агенда?!

За да се поверува во ваквото „автентично толкување“ на пропустот пред Влада треба да се биде или мутав или, ако тоа е воопшто можно, барем за момент да им се влезе во потсвеста на симпатизерките на власта што деновиве се прославија со изливите на емоции кон премиерот Зоран Заев и кон претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на предизборните средби со граѓаните. Па, ако немало време за химните, како Заев најде време за селфи со Ципрас надвор од протоколот? Или како имаа време да се ракуваат обајцата на црвениот тепих со десетици лица од „одборот за дочек“? Поважно ли беше сето тоа од интонирањето на државната химна?

Наместо да ја кажат вистината, со надеж дека и за нив ќе важи онаа „кој признава, половина му се простува“, или барем да молчат ако немаат што паметно да кажат, без око да им трепне решија да се/нè прават мутави. А на сите им е јасно дека химната е прескокната за да се избегнат непријатни прашања, пред сè, до гостинот „од првата страна“ како тоа стои мирно пред стиховите „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата…“ и „Македонците се борат за своите правдини…“. Токму како што на претседателот на Владата на јужниот сосед му излезе пресрет министерот за надворешни работи на Северномакедонците со дипломатската нота, во која појасни дека формулацијата „Македонци/Граѓани на Република Северна Македонија“ се однесува на државјанството на „нашата земја“ и не имплицира етничка припадност. Па, овој мавташе со тоа парче хартија како крунски аргумент за остварувањето на грчките национални интереси додека го бранеше Преспански договор во Парламентот во Атина.

За игнорирање на национално обележје, какво што е државната химна, како и за самата помисла да се лаже јавноста за вистинските причини за таквиот чекор, во нормални земји се плаќа со оставка. Дотолку повеќе што станува збор за единствениот столб на идентитетот на мнозинскиот народ во „оваа прекрасна земја“ по кој не посегнаа неговите лажни бетонирачи.

Но, оставката како чин на преземање одговорност е мислена именка за „прогресивните“ Северџани, кои ревносно бришат сè со префиксот „македонско“, па ќе ѝ се мислеле на химната. Затоа и не може човек да не се согласи со Мирјана Најчевска дека „Северна Македонија е една од најпримитивните држави“ и оти „во неа живеат огромен број глупи луѓе“, „многу глупи луѓе“, „глупи и тупи“. Во право е професорката. Мутави можеби и не сме, колку и да се обидуваат да нè прават такви, ама дефинитивно сме многу глупи и тупи штом дозволуваме вакви да нè претставуваат пред светот и да си поигруваат со тоа што е светиња за секој народ.

SHARE

13 Коментари

  1. ако вие го сметате ретардиранион муртинец за здрав – прав нешто вам ви фали!??
    ТОЈ нема ни душа за да му е расипана нема ни мозок за да му фали тој нема ништо само креминалии во онаа муртинска зајачка зелка.сума сумариум мутантно циганско фашистичко КОПИЛЕ ствоено од ЃАВОЛОТ и мајкаму ( ако ја има) ЗДЕЛКАН Е ОД НЕКОЈА СПЕРМА НА ЃАВОЛОТ И МАЈКАМУ

  2. Shto da se komentira za vakov skandal? Pa vchera go oslobodija od sekakva vina za 1 evro za crkvata, 1 evro za brat mi, 1 evro za…. Zarobeno sudstvo, sudii bez integritet, bez dostoinstvo, zadniko-lizhachi. Shto ochekuvate od narodot? Toj ima zabetoniran identitet, priznat od celiot svet!?! Site bre se predavnici vo parlamentot, sram za sekoj razumen Makedonec. Se borevme za Makedonija, a sega ja davame na tacna, ne smeeme da ja izgovorime, a toa e zabraneto i kaznivo, od kogo? Od severgjanite. Ova e neviden presedan, bre, da ne se intonira himna, prostaci ja vodat drzhavata, ako se’ushte ja ima. Ama ako, Gospod gleda!!!

  3. ЕЕЕЕEEEЈ, СТОКО ОД ЕКСПРЕС, дај те му отказот на администраторот на Експрес.мк, штом не може да воведе ред на овој портал! Веднаш блокирајте го терорист Nikolce Grozdanovski!!! АЛОООООООО, нормални ли сте ВИЕ од Експрес.мк??????

Comments are closed.