МВР и ОЈО со контра ефект: “Никогаш северна” и “Заев пуши ми го к….” станаа рингтонови

Најавата на МВР и ОЈО дека ќе започнат со истраги и кpивични пријави за навивачите на РК Вардар кои за време на пречекот од Келн нaвpeдyвале функционери на власта, предизвика масовен креативен револт против кој власта не може да стори ништо.

Од вчера преку сите можни апликации и преку сервери за трансфер и даунлодирање големи фајлови се испраќаат аудио и видео верзии на скандирањата кои сака да ги санкционира власта.

Скандирањето “Никогаш северна само Македонија” е јавно достапно на сервисот Google drive но таму ќе мора да се чека 24 часа затоа што има премногу баратели на услугата за симнување на овој фајл.

Другите фајлови во кои дел од навивачите на Вардар скандираа “Ајде Заев (Шилегов) пуши ми го к….”, се шират преку Вибер, Фејсбук месинџер, Ватсап и други апликации за комуникација.

Похрабрите слободно овие фајлови ги постираат на Твитер.

Фајловите кои се разменуваат меѓу граѓаните во знак на протест веќе масовно се користат како ринг или аларм тонови.

Допрва ќе се знае дали МВР и ЈО ќе ги гонат и луѓето што ги користат аудио снимките од навредите упатени кон Заев и Шилегов за приватна употреба.

Причината за контраефектот

МВР и ОЈО ги гонат тие што викале “Ајде Заев пуши ми го ку*ов”

SHARE