МВР издава потврди со новото име на државата

Министерството за внатрешни работи почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството што не го содржат новото име на државата, до целосната промена на сите документи.

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по кој било основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, што се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР.

SHARE

1 Коментар

  1. To severdzanistanci too. Onji tenderi kradu a vi glupaci plachaj promene na dokumentima.hahajahaja glupi severdzistanci

Comments are closed.