МВР ја истражува аферата Рашковски, новинари повикани во полиција

Единицата за компјутерски криминал при МВР официјално прибира податоци и го истражува случајот Рашковски и тендерот за МНАВ вреден 7 милиони евра.

На барање на Јавното обвинителство во МВР се повикуваат новинари кои објавиле информации во врска со аферата во која се откри дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски разговара за тендер вреден 7 милиони евра за АД МНАВ во државна сопственост.

Но според извор во истрагата Обвинителството и МВР не истражуваат за можна тендерска корупција во Владата, за потенцијален расизам говор на омраза и навреди од високи владини фукнционери за пријателски земји, туку за начинот на кој новинарите дошле до информациите и снимените разговори кои укажуваат на можен криминал во Владата.

Вчера новинарот Љупче Златев објави дека е повикан во МВР за случајот Рашковски а од таму денеска на Златев му најавиле дека ќе биде повикан и новинарот и колумнист на expres.mk Горан Момироски кој ги објави првите информации за аферата Рашковски.

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски предходно јавно најави постапки против повеќе новинари.

Повиканите новинари во МВР во јавноста важат за оштри критичари на власта.

SHARE