МВР: Нема трговија со органи – има само лаги и измислици

МВР ги демантира шпекулациите на социјалните мрежи според кои многуте случаи на исчезнати лица наводно се поврзани со трговија на луѓе, односно дека на некои од исчезнатите при наоѓањето им недостигале  органи.

„Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните! Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации.

Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста“.

Од МВР велат дека статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 отсто.

Од МВР апелираат на воздржување од а против оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, „ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите“, се вели во соопштението на МВР.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.