МВР отвора истрага за новите „бомби“

МВР отвора истрага за прислушуваните материјали што деновиве се појавија на интернет, зад чие објавување стои извесен „Илија Громовник“.

Според објавените разговори,се чини дека станува збор за досега необјавени материјали, а во јавноста се отвора прашањето од каде се излезени материјалите.

Од СЈО излегоа со тврдење дека „нема никакви шанси“ тие да протекле од кај нив.

Од МВР најавија дека јавноста ќе биде дополнително информирана за текот на истрагата.