Полицијата влезе во фирми на контраверзниот охридски советник Нефи Усеини

Инспектори за економски криминал на СВР Охрид денеска проверувале фирми на контраверзниот охридскиот советник Нефи Усеини.

МВР не открива што конкретно се испитува но медиумите објавуваат дека истрагата се врши во координација со ОЈО при што се направени проверки на правни лица во врска со претходно отворени истраги.

Советникот Усеини во изјава за ТВ 24 вели дека увид имало само на бетонската база. Тројца инспектори ја проверувале исправноста на механизацијата, условите за работа на работниците и барале документи околу нивното вработување и осигурување.

Инаку Усеини во изминатиов период е во центарот на вниманието откако нелегално изгради тераса пред неговата пицерија која всушност се наоѓа во заштитениот дел на Охрид.

Иако беше наложено  нејзино уривање одлуката сеуште не е спроведена.

Усеини пак најави дека сам ќе ги урива терасата ако градот Охрид ги сруши сите дивоградби.

SHARE