МВР забрани снимање околу станицата во која има учесници од пукањето во Александар Палас

smart

Телевизијата Алфа вечерва јави дека МВР не дозволува снимање околу полициската станица Карпош во Скопје.

Командирот на полициската станица Карпош вечерва им забранил снимање на медиумите на две улици во непосредна близина на полициската станица Карпош, објавува телевизијата.

Во оваа станица според повеќе извори се донесени дел од луѓето нападнати во инцидентот во Александар Палас кои испраќале заканувачки писма до МВР во кои обвинувале дека полицијата не ги заштитила во тешкиот инцидент.

Од напаѓачите засега нема ни трага ни глас.

Поради забраната од МВР да се снима во близина вечерашното јавување на телевизија Алфа од Карпош се случило од една од околните улици.

SHARE