На 27 април, мала прослава во чест на Горан Стефановски

Синот на драматургот Горан Стефановски, на  Фејсбук објави дека на 27 април, во Дебар Мааало ќе се одржи  мала прослава во чест на великанот на македонското драмско творештво кој на тој ден ќе го прославеше 67 роденден.

„Само да ви кажам дека се планира една мала прослава на животот на Горан Стефановски на 27. април (неговиот 67. роденден), сабота, во Дебар Маало (кај кругот карши Наџак). Прво ќе се сади дрво во малото паркче (ќе има и клупа на која ќе седи негова скулптура, ама тоа подоцна), а потоа ќе има некои кратки читања, проекции на слики и видеа, музика итн. Идејата е да го прославиме неговиот живот и работите што тој ги сакаше, а се разбира и да се видиме и да пијнеме по нешто“, објави на Фејсбук снеговиот син Игор.

SHARE

Оставете Коментар