На Атиџе ѝ украле – пчели!

„Не се плашам од коронавирусот. Како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе“, изјави за порталот
ММС.мк Атиџе од „Медена земја“ на која крадци ѝ украле – пчели.

„Бев кратко во Дорфулија, го менувам покривот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени, а две трмки постари полни со пчели ми украле – вели Атиџе.

SHARE