„Морам да носам очила за прв пат по многу години. Сосема е можно мојот вид да се влошил како резултат на проблемот со коронавирусот“, изјавил Џонсон за време на брифингот за „Скај њуз“.

Џонсон објави дека е заразен со коронавирус на 27 март. Оттогаш беше во изолација, но продолжи да работи.

На 6 април, канцеларијата на премиерот објави дека состојбата на Џонсон се влошила и тој беше примен во болница и мина извесен период и на интензивна нега.

Премиерот се врати на работа на 26 април и започна со работа следниот ден.