Татко одбил да го потппише изводот за родени на своето дете откако го видел неговото име што мајката го внела во документите, пишува британски „Сан“.

Тој бил непријатно изненаден кога во графата „име на детето“ го видел името на поранешното момче на неговата девојка, мајката на бебето.

Детето го доби не само првото, туку и второто име на поранешното момче на неговата мајка.

„Ѝ реков на мојата девојка дека нема да потпишам никакви документи за детето сè додека не го смени името во она за што се договоривме“, споделил тој на социјалните мрежи и изразил сомневање дали ќе бидат добри родители затоа што сега се сомнева дали мајката на детето конечно раскинала со нејзиниот поранешен дечко.