На еден пратеник му се нудат 300 илјади евра во замена за глас

Еден пратеник од централна Македонија koj се уште размислува дали денеска да гласа за промена на уставот му се нудат 300 илјади евра ако го притисне зеленото копче на гласањето за промена на уставот.

Според извори од неговиот град овој пратеник кој е дел од опозициската коалиција е под силен притисок на власта уште од пред 19 јануари кога добивал и закани и понуди за пари но тој тогаш оддолеал на притисокот.

Сега на пратеникот сега му се нудат 300 илјади евра, целосен имунитет од било какви кривични гонења и дополнителни бенефиции како вработувања во јавна администрација за негови блиски луѓе.

Според извори во владеачката коалиција пратеникот веќе рекол дека ќе ја поддржи промената на уставот но се плашел од неговите соработници и од гласачите во неговата изборна единица од кои добивал пораки да не се враќа од Скопје ако го притисне зеленото копче.

Тој пред колегите од својата партија и опозициската коалиција се уште не кажал прецизно како ќе гласа за промена на името но индиректно најавил дека има дилеми за гласањето.

SHARE

5 Коментари

  1. И што сега? Треба ли да го жалиме пратеникот што бил во дилема да прифати или одбие? Што треба да правиме? Сирот пратеник.

  2. Да бе. Заев му понудил 300 000 евра, и пратеникот ви кажал вас, ама уште е во дилема дали да прифати или одбие. И да е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, сепак не може да биде толкава будала да кажува дека му било понудено, а да не се фали дека тој одбил, туку да биде таква будала да кажува што му било понудено, а да биде во дилема дали да прифати. На вакво нешто само пореметени умови можат да веруваат.

    • И уште по пореметени умови што за ситни пари спремни се се’ да продадат.

Comments are closed.