На Фетаи и требаа 4 години да признае дека нема докази за обвинение

На обвинителката Фатиме Фетаи и се случи неверојатно професионално искуство зборува кое зборува многу за нејзината работа но и за македонското правосудство чија ефикасност е главниот предуслов за почеток на преговори со ЕУ.

По цели 4 години откако, тогаш како обвинителка на СЈО, таа увидела дека нема докази за тројца обвинети и денеска повлекла обвинение поради недостаток на докази.

Денеска на судењето за најстариот предмет започнат уште од Специјалното обвинителство „Насилство и шамари во Центар”, чие обвинение беше поднесено уште во септември 2016 година, Фетаи призна дека нема докази за Даниела Рангелова и уште двајца обвинети.

Фетаи во предходните речиси 5 години откако е започната истрагата за случајот не увидела дека нема докази и ги гонеше дел од обвинетите во случај во кој поради бавноста на постапката се враќаше на почеток а обвинетите даваа искази со кои ги негираа обвинувањата на Фетаи.

Една од денеска ослободените поради недостаток на докази Даниела Рангелова беше пратеник во Собранието на Македонија во времето на менување на уставот и уставното име што ја отвара дилемата дали Фетаи и предходно знаела дека нема докази за Рангелова или дури сега сфатила дека ќе падне обвинението.

Медиумите веќе информираа за исказ на обвинители од СЈО според кои екс шефицата на СЈО Катица Јанева го злоупотребувала обвинителството за други повисоки државни цели односно за вршење притисок врз политичари кои требало да поддржат промена на уставното име.

Посебна тежина на одлуката на Фетаи да го повлече обвинението против Рангелова е јавните критики што екс пратеничката и екс функционер на ВМРО-ДПМНЕ ги упатува против актуелното раководство на опозицијата.

Повлечено обвинението против Рангелова за „шамарите во Центар“