Последно нешто што може да им се случи на медиумите од Грција е северниот сосед да го именуваат Македонија, но на водечкиот меѓународен грчки портал за вести и новинска агенција „Грик рипортер“ таквата „грешка“ му се провлече два пати!

Пишувајќи за формирањето на „Асоцијација на грчки бизнисмени во Северна Македонија“ од 16 големи грчки компании што работат во земјата, меѓу кои и Стопанска банка, ЕДС, „Усје“ и „Интракат“, „Грик рипортер“ ја спомнува Македонија во последниот пасус и во таговите под текстот.

„Владата на Македонија неодамна ги отвори нејзините копнени граници во петокот на 26 јуни. Земјата исто така се очекува повторно да ги отвори и нејзините аеродроми в среда, 1 јули, за влез на меѓународни туристи“, пишува во пасусот.

Во останатите делови од написот се користи „Северна Македонија“.

SHARE