На избори пак без попис

Извесно е дека пописот на населението нема да биде извршен во март, како што се најавуваше, туку дека поради изборите статистичката операција уште еднаш ќе биде оложена. До копга не се знае.

На вчерашната лидерска кај претседателот Стево Пендаровски, присутните биле согласни дека најреално е тпопис да се одржи откако ќе заврши изборниот процес.

„Мојот став е дека во 2020 година пописот треба да биде направен. Може да го направиме после изборите, а ако е подготвен Државниот завод за статистика и пред изборите“, смета премиерот Зоран Заев.

Меѓу лидерите на политичите партии од албанскиот блок преовладува мислење дека пописот треба да биде по завршување на изборите.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најреален период за попис би бил 2021 година.

„Мислам дека тоа треба да се направи на почетокот на наредната декада односно во 2021, како што тоа го прават сите европски земји“, рече Мицкоски.