На која армија и честита СДСМ, на Мавританија, Мароко…?

Неверојатна порака на владеачката СДСМ до припадниците на АРМ без да спомене на која армија и на војниците на која земја им се упатува честитката.

“Честитки до припадниците на одбраната! Собранието ги усвои измените на Законот за одбрана, предложени од СДСМ. 🇲🇰

Со измените создаваме Армија која е наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО”, порача СДСМ на Твитер без да ги спомене Македонија во било која форма, придавката “македонска” или пак АРМ.

Најверојатно од срам не се користи ниту новото име кое го наметна СДСМ и со кое се гордееше до пред еден месец до закажувањето на изборите.

SHARE