На Мечкин Камен не смее да се чуе “Ајде Заев п… ми го к….”

Мерките за безбедност кои власта ги презема за чествувањето на Илинден имаат една главна цел: Да не се повтори навредливото скандирање за време на пречекот на РК Вардар од Келн кога премиерот Заев беше навредуван.

Извори кои работат на организирањето на прославата на Мечкин Камен на 2 август велат дека власта не се плаши од исвиркување на делегацијата на Владата и СДСМ затоа што тоа се случувало и предходно.

Главен проблем и страв на Владата и МВР е како да се спречи масовно пеење на фразата “Ајде Заев п.. ни го к….” која беше скандирана од стотици луѓе на аеродромот Скопје и на плоштадот Македонија при пречекот на ракометните шампиони.

Тогаш и покрај најавата полицијата не можеше да најде доволно докази за да ги гони стотиците луѓе кои го навредуваа јавно Заев.

Со цел да се спречи ваквото скандирање, локални извори во Крушево тврдат дека на Илинден организаторите ќе го зголемат бројот на полицајци кои ќе го снимаат настанот со камери а меѓу гостите ќе има распоредено активисти на СДСМ кои треба да агитираат да не се навредува премиерот.