На шопинг во Тесалоника, Лерин го бришеме за Флорина

Ќе се менува ли и песната “Лено мори” во која се пее за “леринско симитче”?

Македонија ставена во нова јазична стапица откако Владата го потпиша договорот за името.

 Отсега не само во македонските учебници туку и на сите патокази, во сите документи  грчките географски поими ќе мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед.

Со потписот во Нивици, премиерот Заев и министерот Димитров се согласуваат македонските ученици наместо за Солун да учат за Тесалоники, ако досега беше Кукуш отсега ќе читаат за Килкис итн.

– Секоја од страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на ОН за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територија на другата страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними, стои во чл.8 ст.4 од Договорот со Грција.

За Србите и Бугарите Солун ќе остане Солун, но за Македонците односно граѓаните на Северна Македонија тој ќе биде Тесалоники.

Откажувањето од топонимите ќе значи и бришење на дел од културата и историјата на еден народ, категорични се јазичарите. Македонија би била единствена држава која се откажува од своите егзоними на територијата на Грција, анализира професорката Елка Јачева Улчар.

Толкувајќи ги одделно членовите од Договорот, универзитетскиот професор Никола Жежов за Алфа вели секој обид за вакво вештачко решавање на македонското прашање, не само што не ги решава проблемите туку дополнително ги мултиплицира. 

Заев се обврзал дека мора да го признаеме автентичното име кое матичната земја го има за одреден град, село , место. Признава дека тоа е дел од преспанскиот договор, но ќе било реципроцитетно и Манастири за Грција ќе било Битола.

По примерот на Договорот за добрососедство со Бугарија така и сега со Грција ќе се чешлаат учебниците за да се тргнат сите споменати делови кои ги вознемирува соседите.  Во полн ек се подготовките за почеток на работата на мешовитите комисии задолжени за ревизиите  на историските учебници. Комисиите ќе предлагаат, а Владите на државите ќе одлучат дали да ги применат. 

Линк до прилогот на ТВ Алфа