Сто и дваесет работници од Фабриката за хартија „Пејпар мил” од Кочани добиле известување од денеска повеќе да не доаѓаат на работа, зашто фабриката е затворена.

Решение за затворањето донел бугарскиот сопственик на компанијата, а одговорните служби од македонска страна за МИА ја потврдија веродостојноста на информацијата.

„Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците сè уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан. Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза“, информирашеа Игор Тасевски, одговорен во „Пејпар мил”.

Според Тасевски, најверојатно нема да се реализира план за уште 60 вработувања со проширување на производствениот процес во соседните погони на фабриката, каде првично требало да се инвестираат 1,5 милион евра.

SHARE